Фотографијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски како позира пред слика на која е прикажан Кремљ во пламен, предизвика бес во Москва, јави ДПА.
Фотографијата ја објави американскиот магазин „Тајм“.
„Ова можеби најдобро го покажува нивото на интелектуален развој и внатрешната состојба на оние кои позираат за вакви фотографии“, изјави за фотографијата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Сликата од 2022 година насловена „Мечта“ на грузискиот уметник Сандро Антадзе се вели дека е омилен симбол на победата на Зеленски во војната што Русија ја започна пред повеќе од три години.





