Македонските кошаркарски првак имаше неверојатна шутерска ноќ во четвртиот меч од Јадранската лига сезонава што резултираше со триумф кај Игокеа од 108-99. Ова беше незапамтено успешно напаѓачко издание на МЗТ Скопје во фазата напад со 63 дадени поени во првото, и со нови 45 во второто полувреме што на сините од Аеродром, за пример, не им се случи во текот на целата мината сезона.



Гостувањето во Лакташи беше во тежок период за МЗТ Скопје, по три врзани порази од ФМП, Задар и Карпош Соколи, но на создадениот притисок извонредно реагираше петорката Стојановски 23 поени, Минчев 19, Трајковски и Бејли по 17 и Лалиќ со 14 коша, и пред се, македонските репрезентативци кои погодија тројки во самиот финиш, во клучните моменти. Настрана што шутот константно служеше, со висок процент и со 10 тројки што беше доволно да се анулираат пропустите во одбраната и новата прекрасна партија на НБА ветеранот во дресот на домаќинот Дорел Рајт кој даде 29 поени.