Тројца членови на три наши различни ракометни колективи се најдоа во традиционалниот избор на идеалните седум во двете конкуренции во Лигата на шампионите. Бекот на Вардар Вуко Борозан му даде осум гола на Пик Сегед и беше најзаслужен што првото реми на Европскиот првак (26-26), не се трансформира во прв пораз.



Крилото на Металург Александар Гуглета имаше шест погодоци за едно полувреме, вкупно седум при гостувањето на Металург кај Мотор (28-28), кое исто содржеше драматика рамна на еден поубав трилер. И конечно, првиот избор на ЕХФ кај девојките во сезоната не смееше да мине беа наш претставник особено што ЖРК Вардар играше дерби со Ференцварош што го доби (34-31), а ја имаше и перфектната Драгана Цвииќ. Кружниот напаѓач постигна седум гола без промашување.