Засега околу 200 македонски интелектуалци упатија драматиечен апел до политичките лидери за иднината на нацијата. Експерти од различни области од Македонија и во светот утре објавуваат отворено писмо во кое од политчките лидери се бара да ја употребат мислата на големнито Крсте Петков Мисирков кога одлучуваат за преговорите за името и за опасноста македонија да го загуби својот идентитет.
Прогласот со наслов „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“, како што пренесува ТВ Алфа содржи правни и политички аргументи поради кои што Македонија не смее да дозволи обезличување преку дговоро за името со грција.
Еминентните интелектуалци бараат граѓаните да бидат информирани а политичарите да не се отуѓуваат од луѓето, чии претци умирале со името македонија на усните. Тие прашуваат кој ги овластил владата и опозицијата да преговараат за името и за идентитетот, зошто се врши притисок на јавноста и зошто постои обид за задушување на дебата на оваа тема.
Во прогласот кој го објавува весникот Нова Македонија во утрешниот број се предупредува да не се случи национално предавство. Меѓу потписниците се професорките Билјана Ванковска, Гордана Силјановска, Горазд Росоклија, Митко Маџунков, Симона Груевска Маџоска, Љубомир Цуцуловски, Игор Јанев, Тодор Чепреганов и други видни личности.





