Само 229 граѓани на Албанија што се изјасниле како Бугари на ланскиот попис, кога првпат во пребројувањата на населението на западниот сосед на Македонија е регистрирано бугарско малцинство од вкупно 7.057 лица, гласале на парламентарните избори во Бугарија во неделата.
Според податоците на Централната изборна комисија, најголема излезеност е забележана во Елбасан – 166 лица, во Тирана гласале 67, еден помалку во Корча и 30 во Кукс.
Огромен дел од тие што го дале својот глас, дури 145 избирачи, се изјасниле дека не поддржуваат никого, од нив 138 во Елбасан!
Од тие што се определиле за некоја од 28. листи, најмногу или вкупно 92 гласа добила коалицијата ГЕРБ-СДС на поранешниот премиер Бојко Борисов.
За споредба, во Македонија на последниот попис од 2021 година беа избројани 3.504 Бугари, а на изборите во неделата гласаа 327 или два помалку од Албанија, при што за ГЕРБ-СДС се изјаснија 109 бугарски државјани.






