Од што реално зависи дали ќе јадеме поскап леб периодов?!

Граѓаните се во грч откако почна да се шпекулира дека цената на основниот прехрамбен продукт можно е да добие нова, за жал повисока цена. Тоа секако не завиди од нас, велат од пекарската индуструја, туку од многу фактори од надвор. Иако во моментов цената на лебот е стабилна, воените конфликти може да предизвикаат ново поскапување. Агро-комората предупредува дека Македонија може да пече поскап леб ако порасне цената на нафтата која на светските берзи стигна и до 90 долари за барел но и цената на житото, по жетвата во Украина.



  • „Секогаш понудата и побарувачката треба да ја одредуваат финалната цена, секогаш застануваме зад тоа. Цената на лебот ќе остане иста, стабилна е сега не знаеме што ќе се случува во однос на војната која директно се рефлектира на цената на нафтата, и не знаеме што ќе се случува во Русија и Украина“, вели Горан Георгиевски  Агро – бизнис комора.

Според упатените, фокусот треба да биде кон растот на домашното производство и растот на економијата.

  • Имаше во една изјава на Светска банка која е слична на нашите залагања, мислам не треба да се фокусираме ние колку цените можат да бидат евтини, туку да се фокусираме колку може нашата економија може да расте. Да видиме каква ќе биде жетвата на жито и каква ќе биде цената на житото, мислам дека ни треба здрава економска политика. Нашата економија не смее да продоцира 1 отсто раст, треба да биде 5-6 отсто“, вели Трајан Ангеловски – претседател на ССК.

Инаку, изминатиот период може да се забележи дека цените на одредени производи пораснаа по укинувањето на мерката за нивно замрзнување.