На 9 ноември започнува Синедејс, а фестивалот ќе трае до 18 овој месец. Во официјалниот дел на деновите на Европски филм ќе бидат прикажани 20 филмови, а се ќе започне со победникот од Кан. Шведската сатирична комедија ќе биде прикажана во киното Милениум, а целиот настан ќе биде затворен десет дена подоцна на истото место со играниот македонски филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски.
И тоа не е се, бидејќи веќе од наредниот ден проекциите во Скопје ќе продолжат со нов десетдневен филмски маратон. Според директорот на Младинскиот културен центар Златко Стевковски по 135 филмови во неколку категории, а 20 се во Гала програмата на Синедејс, главниот град ќе понуди филмско продолжение. Сето тоа е предвидено да се случува во времетраење од нови десет дена и во џебното кино на МКЦ каде ќе има по десетина проекции дневно.





