„Веројатно се работи за внатрешни правни процедури на таа земја што не ги знам“, изјави актуелниот шеф на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски во гостување на „360 степени“ на МРТ 1.
Тој вели дека не знае ништо конкретно што би можело да ја одложи екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо од Турција.
Запрашан околу пишувањето на медиумите дека Турвија наводно имала барања за екстрадиција на членови на ФЕТО од Македонија, Пендаровски одговори дека тоа не е точно.
Според него, барањата за ваква екстрадиција датираат од периодот кога министерка за правда беше Рената Дескоска.
Според Пендаровски, дел од тие лица ја напуштиле државата. Тој нагласи дека не е запознаен за никакво ново барање.






