Бурни реакции на социјалните мрежи по изјавата на министерот Бујар Османи дека би морал да се задолжува доколку само еден месец не добие плата.
Османи би морал да се задолжува ако еден месец остане без плата
Во една продавница е отворена кутија за собирање на донации, на која со срце е испишано Од срце за Бујар.
„За грев е министерот. Ве молам хумани луѓе, дајте да помогнеме… Кој со вреќа компири, кој со вреќа беашно, орис … Да преживее некако министерот, оти, “Гладен министер оро не игра”.!
„Веднаш да се постават кутии за донации во сите амбасади, оти човекот е при крај со министерувањето и со политичката кариера, го наместија да биде претседателски кандидат, а тоа значи на 8 мај станува политички неупотреблив и ќе му требаат парички„
„Греота човекот 2500е не му стигаат па нека учи школо од оној што зема 20 000 ден или воопшто не зема како преживува или можеби тие луге се побогати од него и повеќе имаат за жалење е човекот колку е беден“, реагираат граѓаните.






