Пред четири години, американските медиуми објавија дека познатиот актер решил да се пензионира поради тешкотии со сеќавањето. Николсон не ја потврди оваа вест, но оттогаш тој не се појави во ниту еден филм.



Затоа неговата посета на кошаркарските натпревари е вистинско задоволство за неговите фанови, бидејќи папараците успеваат да го сликаат од сите агли, а неговите најнови фотографии на некој начин ги разочараа сите дами кои со децении беа вљубени во него.

Легендарниот актер уживаше неодамна на кошаркарски натпревар во Лос Анџелес во друштво на неговите пријатели и членови на семејството.