Од најмалку три страни е нападната традицијата за палење на бадникарски огнови која децении наназад се негувала низ повеќе градови во Македонија.
Кога некои медиуми предупредуваа на штетноста од бадникарскиот фестивал во кој „Републиката беше во пламен“, немаше реакции на општинските/градските власти кои доделуваа кубици дрва за огнот околу кој, на новокопонирани нумери „се социјализираа“ соседи кои можеби прв пат се гледаат „сплотени околу 100-те денари дадени за вруќа ракија“.
Но, сега, забраните не водат кон напредок особено откако беа отпечатени страници текстови во кои беше црно на бело напишано дека три кубици изгорени дрва во некоја скопска населба е еднакво на просечното производството дрвна маса што го дава еден хектар шума во Македонија.
Тројната акција на локалната самоупорава, на неизбежните екологисти и на Црквата во старт е погрешна: Ниту еден ден во годината не го загадува воздухот, ниту огновите на отворено…е одговорот на првите две загрижени страни.
Кои не реагираа до лани и сега го менуваат граѓанскиот дискурс и одат на „прогресивната“ страна….
Најмалку од се, виновен е паганскиот карактер на бадникарските огнови“ како што го карактеризираше и против кој се изјасни и МПЦ.
…која и на децата им ја оспорува традиционалната помалку бесмислена песна „Коледе леде“ (што и да не-значи таа песна) со која ги будат верниците спроти Божик и им проповеда христијански стихови и ноти…
Од годинава, свештеници нема да бидат присутни на ритуали поврзани со Бадник.
Погрешно: Традиција не се укинува со НГО податоци за МПИ честитчки на квадратен метар, ни со декрет на градски совет, а најмалку со блага „анатема“ за варварските огнови.
Навистина ли некој верува дека вечер ќе нема дружење покрај огаин и дека утре ќе нема – коледарчиња.




