Непостоечкиот „Културен центар ‘Ванчо Михајлов’“ од Битола, избришан од Централниот регистар во март минатата година поради именувањето според фашистичкиот соработник навредливо за македонскиот народ, преку својот секретар Благој Шаторов со нов повик за бојкот на претстојните избори во Македонија.



„Ги повикуваме македонските Бугари да се приклучат на бојкотот на претстојните избори, како израз на нашето категорично несогласување со политиката на неказнивост, неправда и дискриминација насочена кон нашата заедница. На сите ни е јасно дека ниту еден од официјалните кандидати не нуди вистинско отворање на патот кон Европската унија. Кога ќе ги здружиме напорите и ќе го искажеме нашиот став, тогаш можеме да постигнеме промени во македонското општество, а ние сакаме сите граѓани на Северна Македонија да живеат рамноправно“, изјави Шаторов за телвизијата Бугарија он ер.

„Сведоци сме на изборна кампања што се води во Македонија и која се заснова само на антибугарска пропаганда. Другите причини се што не се спроведува Договорот за добрососедство со Бугарија. И другите обврски не се спроведуваат – Бугарите не се вклучени во Уставот како конститутивен народ, досиејата на југословенските служби не се отвораат. Македонските служби ги прогонуваат активистите на бугарската заедница бидејќи нивните служби ги водат луѓе кои останале од југословенските служби, соработници на непријателите на НАТО, чиј член е и Македонија“, објасни Шаторов.