Nа Клиниката за инфективни болести по компликации од западно-нилска треска, починал 78 пациент од Општина Чешиново Облешево, соопштуваат од Институтот за јавно здравје.



Оттаму наведуваат дека станува збор за четврти случај на западно-нилска треска годинава во Македонија, а кај нив бил пријавен на 16 септември.

Првите симптоми, намален апетит, малаксаност и покачена температура кај пациентот се појавиле на 9 септември.

Следниот ден бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде по дијагнозата уште истиот ден бил препратен на Инфективната клиника во Скопје.