Од ДУИ навредени дека никој од овде не честитал 17-годишнина од независност на Косово

Во соопштение до јавноста жденеска од ДУИ изразуваат жалење и сериозна загриженост што институциите на државата, вклучително Претседателот, Премиерот и Министерот за надворешни работи, не упатија официјална јавна честитка по повод Денот на независноста на Република Косово.



„Овој чин не само што е дипломатски превид, туку и директен сигнал кој го поткопува духот на добрососедство и регионална соработка.  Истовремено, со сите државни почести, беше пречекан Милорад Додик — политичка фигура позната по своите деструктивни ставови кон евроатлантските процеси и принципите на регионалната стабилност.  Оваа очигледна диспропорција во односот кон соседите испраќа загрижувачка порака за  насоката на нашата држава.  Таквото однесување е резултат на растечкото влијание на концептот на „Српскиот свет“ во * Македонија — проект кој претставува закана за суверенитетот, европската перспектива и стратешките интереси на државата“, велат од Мала Речица…

Гаши со честитка за Денот на независноста на Косово