Од ДУИ лути зашто Мицкоски немал „речиси ниеден“ советник-Албанец

Интегративците н Али Ахмети велат дека Владата продолжува со создавање „зони без Албанци“ во државните институции, а тоа овојпат се огледува во составот на советничкиот тим на премиерот, каде речиси нема ниту еден Албанец.



Ова е денешната реакција на Демократската унија за интеграција (ДУИ) откако Владата на својата официјална веб-страница ја објави листата на советниции на премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека системски се потиснуваат Албанците од позициите каде се носат одлуки, пренесе 360 степени.

„Оваа политика на мајоризација е позната во минатото и претставува реконфигурација на државниот систем, промовирајќи моноетничка доминација“.

Додаваат дека мултиетничкиот карактер на државата, како едно од најголемите достигнувања, во целост е загрозено.

„Со овој потег Владата не само што го понижи албанскиот партнер, туку проектираше непријатно чувство на непожелност кај секој Албанец во земјата“,велат од ДУИ.

Пред два дена на прес-конференција премиерот рече дека има 17 советници.