Денеска започнуваат бараж средбите за Светското фудбалско првенство во Русија следната година. Во Европа од 20.45 има дуели на Хрватска и Грција односно на Северна Ирска и Швајцарија, за утре е предвиден тој на Шведска и Италија, а в сабота е двобојот Данска-Република Ирска. По овие воведни средби од недела до вторник се реваншите на терените на гостите во првите соочувања. Инаку во меѓувреме, практично во овие исти термини се играат и интерконтиненталните мундијалски баражи на Хондурас и Австралија односно на Нов Зеланд и Перу.





