Од денеска задолжителна зимска опрема на возилата

Стартува обврската за задолжително поседување на зимска опрема во возилата која ќе трае до 15-ти март.



„Од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ (Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/19, 302/20 и 122/21), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема“, соопшти МВР.

Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.“, стои во соопштението на МВР.