Од денеска до петок посебен сообраќаен режим во Скопје

Денеска, утре и петок, во широкото централно подрачје на град Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради посетата на претседателот на Собранието на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ.



„СПБ Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 5 до 7 март (среда, четврток и петок) поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СПБ Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на широкото централно подрачје на град Скопје.

СПБ Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници.