Потребна е промена на уставното име, но и ревизија на евентуални одредби во Уставот кои алудираат на иредентизам, изјави вчера вчера портпаролот на грчката владата Димитрис Димитрис Ѕанакопулос.
„Сакаме сложено име кое што ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. За да важи за сите, предуслов е промена на уставното име на соседот. Без промена на уставното име на соседот, не може да биде исполнет предусловот да важи за сите. Промена на уставното име за да биде правно исправно, бара и промени на Уставот на соседната земј“ изјави Ѕанакопулос на брифинг со новинари, пренесе дописникот на МИА од Атина.
На прашањето дали тоа се однесува само на името, портпаролот одговорил дека дека тоа е нешто за кое ќе се разговара во рамките на преговорите, но и дека „ако постојат одредби во Уставот на соседната земја, кои би можеле да упатуваат на иредентизам, ќе треба и тие да се ревидираат“.
Македонскиот премиер Зоран Заев, пред само три дена рече дека не гледа причина за промена на уставот на земјата.,а тоа го пренесе и атински „Катимерини“.
Заев рече дека Скопје веќе е направен „голем чекор“ за справување со иредентизмот, истакнувајќи дека уставот на земјата последен пат беше променет во 1993 година.
Скопје се обидува да докаже дека „нема амбиции, без оглед дали се територијални или на друг начин … дека нема иредентистички цели“,пренесе „Катимерини“.




