Десетгодишниот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео соопшти дека е објавена неговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“.
Книгата е на англиски јазик и се состои од 19 поглавја.
„Оваа книга е напишана на англиски јазик и ја направив за да можат другите да научат за вселената и за да можат повеќе да се заинтересираат на оваа тема, за во иднина да имаме повеќе научници, што ќе сакаат да истражуваат и да учат“.
10-годишниот Македон во јавноста е познат по решавањето на математички задачи за средношколци, зборувањето на повеќе странски јазици како и по активното учество на натревари каде има освоено многу медали.
Тој неодамна го објави и својот научен труд од областа на астрономијата, во која детално го опишува универзумот и неговото создавање.
Линк до видеото на Македон објавено на Фејсбук






