Триесетдневен притвор му одреди судот на 40-годишниот скопјанец осомничен за инцидентот со четворицата малолетници кои беа пронајдени во неговата куќа во бессознание, во алкохолизирана состојба и под дејство на психотропни супстанци.
Осомничениот во полиција пријавил дек бил жртва откако наводно во неговиот дом бил физички нападнат од малолетник.
Но, Јавното обвинителство покрена истражна постапка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против здравјето на луѓето“, „производство и тргување со штетни лековити средства“ …
Консумирањето алкохол и лекови предизвикало губење контролата кај малолетниците, при што ја искршиле покуќнината и добиле телесни повреди.
Откако се разбудил следниот ден, осомничениот ги видел децата во дневната соба кои лежат во тешка здравствена состојба , но и покрај ова не им понудил помош“, вели Јавното обвинителство.
Клиничките и лабораториските параметри на четворицата малолетници се стабилни, соопшти директорот на токсикологија Андон Чибишев.
Како што додава, по утринската посета денеска ќе се одлучува дали ќе бидат пуштени дома.
За трите кривични дела поради кои е приведен 40-годишниот скопјанец ризикува затворска казна од 16 години.






