Нашите ракометари се помачија, но на рутина, на искуство и на „сув“ квалитет го добија мечот против Црна Гора со 29-28 и со две победи од две кола водат во групата Ц од Европското првенство. Тоа претпоставува дека местото во новата групна фаза ни е обезбедено и дека веќе имаме два бода. Сето ова по негативата од 16-15 на полувреме и два разлика за Црна Гора во првите 7-8 минути од вторите 30 минути, па и 27-26 за нас, но и напад на Црногорците на пет минути до крајот.
По многу борба се беше издржано, а се практично се прекрши во периодот од 38 до 46 минута кога противниците заработија повеќе врзани исклучувања, а ние од посочената негатива (17-19) со низа од 7-1 дојдовме до предност од 4 гола разлика (24-20). Истото потоа беше повторено уште во две ситуации, но затоа во финишот одново наш пад или издигнување на противникот, но клучното беше веќе сторено, а потоа само се одбранивме.
До новите два бода дојдовме далеку потешко од очекувањата, но важно е дека славевме и дека одиме во Вараждин за средби меѓу 19 и 23 јануари кога и ќе пренесеме минимум два бода. Дали тоа конто ќе биде поголемо ќе видиме од последниот меч од оваа група закажан за среда кога ќе се сретнеме со Германија.
Филип Кузмановски даде пет гола, Кире Лазаров и Манасков по 4, а најефикасен за Црногорците и во дуелот беше Чавар со 6.
2 коло-Група Ц
Македонија-Црна Гора 29-28
Германија-Словенија 25-25



Табела:
Македонија 4
Германија 3
Словенија 1
Црна Гора 0