Поради немање кворум, денеска беше одложена е седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да се разгледува барањето за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски.
Тројца членови на советот, не се појавиле на своите работни места, а отсуството го оправдале со боледување или фамилијарни причини..
Претседателката на Советот, Душица Димитриеска, појасни дека и покрај одложувањето, запазен е законскиот рок во кој советот треба да изгради мислење за разрешувањето на Коцевски, а тој истекувал на крајот од идната недела..
Во меѓувреме, Владата најави дека ја запира постапката за разрешување..
Според премиерот Мицкоски, Обвинителството покажало резултати во расветлувањето на трагедијата во Кочани, а како што рече, обвинителите треба да работат и да сработат.
Обвинителот Љупчо Коцевски доби „шанса“ да продолжи да работи





