Одложена седницата на комисијата за економски прашања на која требаше да се расправа за стратешките инвестиции. Очигледно несогласувањето во владејачката коалиција за законите беше причина во салата да пристигнат само пратениците од СДСМ. Залудно ги чекаше и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој сега е и потписник и предлагач на законите.
„Нема да има комисија затоа што нема кворум.“ – кажа Диме Велковски претседател на Комисија за економски прашања.
Инаку, опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе 40 амандмани за измени на текстовите на предлог законите за стратешки инвестиции.
чо





