Извонредниот француски бек на црвено црните по завршувањето на оваа сезона се враќа во својата земја и продолжува во екипата на Флери од централна Франција која пред две сезони ја освои и првата домашна титула. Александра Лакрабер ќе го засили тимот од регионот Лоире и таму ќе остане две години. Имено таа денеска потпиша договор со Флери по што се официјализира нејзиното заминување за кое се говореше неколку месеци.
ЖРК Вардар во продолжението од ЛШ на 27 јануари игра токму со екипа од Франција, со Мец кој е и најголем ривал за првото место во четвртфиналната група 2.




