Одземен телефон на висок полициски службеник – „отчукувал“ информации на наркоклановите

Висок полициски службеник остана без својот мобилен телефон во денешната голема полициска акција против членови на групата на познатиот наркобос Раде Трајковски-Штекли. Полицискиот службеник бил поврзан со со клановите Беланоца/Барон, но и со Раде Трајковски – Штекли.



Toj се сомничи дека оддавал информации во врска со нарко клановите.

Министерството за внатрешни работи потврди дека Штекли е уапсен попладнево по Наредба на ОЈО за ГОКК. Штекли беше уапсен близу хотел кај Гевгелија.

Во голема акција на повеќе локации во скопски Аеродром во моментот полицијата апси лица од групата која предводел Штекли. Се се смета дека над десетина лица се занимавале со продажба на наркотични средства.