Вчерашната одлука на Централната изборна комисија на Албанија да му се одземе мандатот градоначалник на Химара, Фреди Белери, без воопшто да положи заклетва,отвора многу прашалници во однос на основните принципи на владеењето на правото, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.



Белери (52) на ланските локални избори, одржани на 14 мај, беше реизбран за градоначалник на Химара, град на 240 километри јужно од Тирана.

Два дена пред изборите, беше уапсен под обвинение дека понудил 40.000 албански леки (360 евра во тоа време) за да купи осум гласови, од кога е во притвор, поради што и не положи заклетва.

Албанскиот специјален апелациски суд на 25 минатиот месец на Белери, кој е припадник на грчкото малцинство, му ја потврди двегодишната затворска казна