Досегашниот претседател Стево Пендаровски одбил претседателска пензија и ќе се врати на професорската кариера во „Американ колеџ“, дознава Плусинфо.



Една секретарка, една вработена во Службата за протокол на претседателот и еден административен работник во канцеларијата којашто, меѓу другото, законски му следува на поранешниот шеф на државата, се единствените привилегии што ќе ги користи екс-претседателот.

Плусинфо од извори блиски на експретседателот, пишува дека сите други бенефиции како доживотна државна пензија, веќе ги одбил.

На поранешниот претседател Пендаровски му следува лично обезбедување кое ќе биде организирано според проценките на соодветните служби.