Неоснована е тужбата на коалицијата „Европски фронт“ предводена од (ДУИ) против решението на ДИК за прегласувањето на избирачкото место 2101 во село Ларце во општина Желино, одлучи синоќа Управниот суд.
„Тужбата на тужителот коалиција „Европски фронт“, предводена од Демократска унија за интеграција (Движење на народот – ДН, Демократска партија на Албанците, Европска демократска партија ЕДП, Демократска партија на Турците, Политичка партија Унија на Ромите – УРА, Политичка партија Бошњачки Демократски Сојуз – БДС) изборна кампања – парламентарни избори 2024 година, во изборна единица 1, 2, 3, 4, 5 и 6, поднесена против решението на Државна изборна комисија на Република Северна Македонија УП1.бр.10-33 од 27.05.2024 година, се одбива како неосновано“, се вели во соопштението од Управен суд.
Со ваквата пресуда, се додава во соопштението, се потврдува решението на Државна изборна комисија од 27.05.2024 година.
Коалицијата „Европски фронт“ достави приговор до ДИК за прегласувањето на избирачкото место 2021 во селото Ларце.
ДИК не го прифати приговорот, а коалицијата „Европски фронт“ поднесе тужба до Управниот суд.
По одлуката на Управен, се потврдува дека Коалицијата „Вреди“ има 14 претставници во парламентот, односно еден повеќе од освоените 13 мандати на изборите на 8 мај, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ падна од 19 на 18 пратенички места.






