Огромен скок на крајно-десничарската AfD. Каква ќе биде Германија од понеделник?

 

Вонредните парламентарни избори во Германија се одржуваат утре, на 23 февруари.



Предизборната кампања ја одбележаа темите за миграцијата и економијата. Демохристијаните водат на анкетите и ветуваат политички промени, анализира ДВ.

Изборната кампања беше кратка, но жестока. Често се слушаше еден израз: промена на курсот.

„Три години се обидувате да спроведувате левичарска политика во Германија. Нема да можете да го продолжите тоа“, рече Фридрих Мерц, кој е заеднички кандидат за канцелар на сестринските партии на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), кои ја формираат Унијата ЦДУ/ЦСУ на сојузно ниво, две недели пред изборите.

Зелените уживаат речиси иста поддршка во анкетите како во 2021 година, но социјалдемократите и либералите значително ја загубија поддршката.

Либералите би можеле да останат под изборниот праг од пет отсто, а на СПД и се заканува тежок пораз. Сè што е под 20 проценти би било најлошиот резултат во повоена Германија, а партијата е далеку под таа вредност во анкетите.

Олаф Шолц би бил канцеларот со најкраток мандат во последните 50 години и единствениот социјалдемократски канцелар што нема да биде реизбран.

Според истите анкети, најголеми шанси да биде избран за канцелар има Фридрих Мерц, шеф на ЦДУ, која владееше 16 години до 2021 година, а беше најсилната опозициска партија во последните три години.

На второ место според резултатите од истражувањето е Алтернатива за Германија (AfD) со повеќе од 20 отсто поддршка.

AfD го удвои резултатот во споредба со 2021 година.