Освојувачката на девет Гренд слем титули и една од најдобрите тенисерки на светот во последните три децении е оштетена за 400.000 долари. Ограбувачите влегле во куќата на Венус Вилијамс на Флорида и украле предмети во голема вредност, соопшти полицијата.
Немилиот настан се случил во перидот меѓу 1 и 5 септември, додека Венус играше на отворено првенство во САД, но објавено е дури сега, по информациите што беа пренесени од страна на медиумите. Полицијата не соопштува што се е украдено и дали крадците се уапсени.
Ова е втор пат за само пет месеци полицијата да се занимава со постарата од сестрите Вилијамс. Претходно, во јуни оваа година, Венус учествуваше во сообраќајна несреќа, кога еден човек почина.




