Ова е младиот човек кој уби врсник во БиХ и го распарчи неговото тело

 

Граѓаните на Босна и Херцеговина се шокирани од синоќешното убиство во Високо, кога Дин Бахтовиќ (24) го убил познаникот П.Е. (24) и го исекол на парчиња неговото тело со цел да го сокрие злосторството.



Набрзо убиецот бил уапсен, а случајот го пријавило трето лице.

Според неофицијални информации, двајцата биле добри пријатели и работеле заедно во странство. Како што пишува Аваз.ба, тие наводно се скарале за девојката, по што Бахтовиќ го убил младиот човек.

Жртвата е од Сараево, а според полицијата, нејзиниот идентитет и е познат на полицијата, но се уште не е официјално потврден.

Полицијата го приведе и Х.П. од Високо (1980) поради сомнение дека сторил кривично дело „непријавување на кривичното дело и сторителот“ и против него е спроведена кривична истрага.

Убил 24 годишен врсник и телото го исекол на парчиња