Даут Харадинај, вели дека Првото апсење на Специјалниот суд на припадник на поранешната ОВК, повторно ќе ја активира Ослободителна војска на Косово, предупредил Даут Харадинај, пишуваат српски медиуми..
Братот на косовскиот премиер, Рамуш, се споменува како еден од првите некогашни припадници на ОВК кои ќе се најдат пред Специјалниот суд.
Даут Харадинај, за телевизијата „Косова Клан“, рекол дека политичките партии во Косово за Специјалниот суд требало да размислуваат во 2015 година, а не да гласаат за формирање на тој трибунал.
Изјавата на Даут Харадинај дојде кратко време по неуспешниот обид на здруженијата кои произлегоа од ОВК да го соборат законот за формирање на Специјалниот во парламентот.
Приштинскиот сајт „Инсајдер“, тврди дека Специјалниот суд ќе поднесе обвинение против Даут Харадинај за убиството на 39 Срби, Албанци и Роми за време на војната во Косово.
Даут Харадинај е еден од најконтроверзните поранешни припадници на ОВК. Во 2005 година, Даут Харадинај беше осуден на пет години затвор за убиство на тројца Албанци за време на војната, а во времето на конфликтот во Македонија, тој беше познат како главен организатор на ОВК од Косово во Македонија, пишува Б92.






