Шпанската, но и сите полиции во Европа се во деноноќна потрага по Јунес Абујакуб (Younes Abouyaaqoub), кој минатиот четврток со комбе прегази 13 луѓе во Барселона, а потоа, како што напиша, а со слика и го потврди тоа Ел Паис, побегна низ улицата Ла Рамбла. За 22 годишниот Мароканец се смета дека го извршил и 14. убиство кога истиот ден, бегајќи го презел автомобилот од 34 годишен Шпанец кој останал во возилото избоден до смрт.



Вкупната бројка по која трагаат специјалните тимови е петмина кои на некој начин учествувале во масакрот кој првично требало да биде извршен со 80 плински боци. Но како при подготовката во место на 0 километри јужно од Барселона се случила експлозија при која загинале дел од терористите, пеколниот план бил променет и се довело до крвопролевање низ најголемиот град во Каталонија.

За првоосомничениот и за другите по кои се трага се смета дека можеби се префрлиле во Франција и дека постои можност од нови напади во Шпанија, но и во други европски земји.