Објавена секс снимка за несуден министер на СДСМ

На социјалната мрежа Х поранешен Твитер денеска изутрина се појави љубовно – сексуална снимка со несуден министер од СДСМ.



На снимката која освен на Твитер се споделува и преку пораки на други социјални мрежи се гледа љубовен акт меѓу несудениот министер кој во 2017 беше најсериозен кандидат за министер за здравство а сега е директор на важна здравствена институција и едно лице од женски пол.

Од снимката не може со сигурност да се заклучи дали љубовниот чин се одигрува во приватен или здравстен објект.

Она што сигурно може да се види од снимката е дека таа не е од надзорни камери туку од направа за снимање најверојатно мобилен телефон кој го поставил некој од учесниците во љубовниот акт затоа што снимачот се наоѓа на само два метри од актерите во секс снимката.

Во еден момент од снимката лицето од женски пол бара директорот на здравствената институција да и заврши некоја работа што тој ветува дека тоа ќе се случи наредниот ден.

Женското лице и директорот зборуваат за гледање на паркет и за одење во Струмица.

Дали снимката е направена со цел да излезе во јавноста со цел уцена или друг вид на злоупотребата или пак требало да остане за приватна употреба но ситуацијата излегла од контрола засега не е јасно.

Директорот на здравствената институција не е дел од јавните политичките и партиските комбинаторики и според се објавата на видеото не е дел од предизборната кампања туку најверојатно се работи за лична пресметка меѓу него и жената во видеото или некој друг фактор кој не е поврзан со политиката.

Поради заштита на приватноста на лицата од снимката expres.mk не го објавува ниту видеото ниту идентитет на инволвираните лица.