Објавена листата на најскапите градови во светот – Скопје поскапо од Приштина, поевтино од Белград

Според онлајн-базата на податоци „Нумбео“ која ги обработува податоците за трошоци на живот на 218 града, Скопје е на 160 место. Според листата, швајцарскиот град Женева има највисок резултат на вкупните трошоци на живот за првата половина од оваа година. Цирих е на второто место, а Њујорк е на третото.



Според оваа листа, поевтино е во Приштина и во Ниш од колку во Скопје. Приштина, Косово е на 195. место,а Ниш, Србија на(165.).

Tрошоците на живот се повисоки во земјите членки на ЕУ, па така Aтина е на 91. место на листата на наскапи градови, Љубљана на 96. и Загреб на 107. Зад нив е Тирана, град што се најде на 114. место, понатаму е Белград на 127., Софија на 132., Подгорица на 143., Aнкара на 145. и Сараево на 148. место.

Интересен податок е и дека според оваа листа поевтино е да се живее во Санкт Петербург во Русија, кој се наоѓа на 162. место, отколку во Скопје.

Компанијата со база на податоци ги разгледува факторите, како што се цената на продуктите, оброците во рестораните, трошоците за изнајмување и колку далеку оди локалната валута за да ги формулира своите резултати.

Целата листа на линкот.