Обвинителството повторно повикало сведоци кои сведочеле во корист на прогонетиот Жан Митрев

Продолжува фарсата со судењето на лекарот Жан Митрев и неговата клиника на кое обвинителството се уште не успева да најде сведоци и докази дека обвинетиот направил кривично дело.



По неколку слични предходно ситуации кога сведоците на обвинителката Искра Хаџи Василева сведочеле во корист на Жан Митрев и на денешното рочиште за случајот „Жан Митрев“, сведоците на обвинителството повторно дале искази целосно во корист на одбраната на д-р Жан Митрев, јавува Нетпрес.

Сведокот на обвинителството кој што го развивал софтверот на Клиниката „Жан Митрев“ потврдил дека станува збор за врвна дигитализација на највисоко ниво, најдобра во регионот и пошироко. Според него измени на податоците се речиси невозможни и самиот софтвер ги собира и ги генерира сите податоци.

Вториот сведок, единствен увозник на машините и филтрите за хемофилтрација во Македонија потврди дека во време на пандемијата производителот Baxter не можел да постигне да произведе филтри колку што била побарувачката и поради употреба на филтрите за хемофилтрацијата за ковид-19 ширум светот и заради последиците од ковид кај нефролошките пациенти.

Во Македонија машините и филтрите за хемофилтрација, нагласи, дека се одобрени од надлежните органи од 2008 и 2009 година. Оxiris филтерот кој што е употребуван за хемофилтрација е одобрен од надлежните органи во Македонија уште во 2013 година, а пак во времето на пандемијата 2020 година е одобрен за увоз и регистриран како медицинско средство за хемофилтрација и при Ковид 19.

Лекарите од „Жан Митрев“ како експерти за хемофилтрација биле ангажирани од производителот Baxter во времето на ковид да ги обучуваат другите лекари од Македонија, Косово и Албанија. Со ваквото сведочење и овие два сведока на обвинителството како и сите досегашни без исклучок целосно го уриваат обвинението и зачудувачки е натамошното останување на обвинението против д-р Жан Митрев и против Клиниката „Жан Митрев“, пишува Нетпрес.

Повеќе правни експерти потврдуваат дека во системи во кои владее правото обвинението одамна требаше да биде повлечено. Но во македонското правосудство продолжува процес дури и со притисок врз судот како што денеска беше изјавено дека обвинителството има интерес судот брзо да го затвори предметот, па затоа обвинителката се откажала од свои три сведоци, пишува агенцијата која открива дека на денешното судење се случила и помалку комична сцена кога обвинителката запрашана од судот што е со точката 13 од нејзината листа на докази, изјавила дека таа е после точката 12, па и покрај тоа што е напишана на Листата на докази нема да ги презентира, но нема ни да ги повлече тие докази.

Чудната ситуација била решена од судот така што одлуката што ќе се прави со точката 13 од Листата на докази на обвинителството е одложена за следното рочиште.