Обвинителството не негира дека Коцевски бил во контакт со Мемети, негира дека има судир на интереси

Јавното обвинителство не негира дека државниот обвинител Љупчо Коцевски бил во контакт со осудените Иџет Мемети и Наќе Георгиев за кои дозволил скандалозна спогодба но негира дека има судир на интереси.



Реакцијата на обвинителството доаѓа откако пратеникот Антонио Милошоски објави дека спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски.

Обвинителството ги негира тврдењата на Милошоски дека републичкиот обвинител Љупчо Коцевски има судир на интереси и дека направил крупна професионална грешка во случајот со спогодбата на членот на Советот на ЈО, Иџет Мемети и на врховниот судија Наќе Георгиев, кои беа обвинети за поткуп.

„Ниту во наведениот, ниту во кој било друг предмет јавниот обвинител на Република Северна Македонија не бил во ситуација на судир на интерес“, кусо реагира Обвинителството на објавата на пратеникот Милошески, кој пак, постави повеќе прашања до обвинителот.

Кои се аргументите на Милошоски

Пресериозни откритија за шефот на сите обвинители Коцевски

Државниот обвинител ќе биде среќен ако е сменет без да биде уапсен според тоа што го открива пратеник во Собранието