Обвинителството не го гони функционерот на ДУИ кој се заканува по живот на македонскиот Елиот Нес (АУДИО)

Иако од објавата на аудио разговорот од кој се гледа дека функционерот на ДУИ се заканува по живот на македонскиот Елиот Нес алијас Кире Михаилов досега обвинителството не покренало иатргаа за случајот во кој има закана и за семејството на Михаилов.



Инцидентот се случил минатата година кога Михаилов не беше на сегашната позиција заменик директор на Јавното претпријатие Македонски Шуми.

,,Сакам само јавноста да ја информирам дека и покрај тоа што ова видео беше јавно и од моја страна за оваа случка си беше поднесена соодветна пријава во МВР, до ден денеска за ова НЕМА НИКАКВА РАЗРЕШНИЦА❗️

Судство , обвинителство , се слушаме”, пишува Михаилов една година откако ги добил заканите од функционерот на ДУИ.

Грозоморното закани од функционерот на ДУИ на линкот

https://www.facebook.com/share/p/1CAuwvtAMq/?mibextid=oFDknk

Михаилов го доби прекарот македонски Елиот Нес поради неговата борба со една од најмоќните мафии во Македонија, шумската мафија која со илегална сеча на дрва годишно вртеше десетици милиони евра.

Македонскиот Елиот Нес одговори на навредите од Апасиев: Проблемот е што на терен ги газам сите на купче

Го осветли Скопје и го пренесе сјајот во Дубровник – Македонски уметник ја шири македонската уметничка светлина