Јавното обвинителство заврши со презентација на наводните доказите во случајот против Клиниката Жан Митрев и нејзиниот сопственик д-р Митрев.
По завршувањето на овој дел од еден од најбизарните случаи во историјата на македонското правосудатво во кое обвинителството не успеа да докаже ништо се поставува прашањето што сега.
Опциите се две, или ЈО преку својата контроверзна обвинителка ќе продолжи да троши пари на граѓаните во крајно сомнително обвинение или обвинителството ќе собере храброст, ќе признае дека греши и ќе запре со прогонот на Жан Митрев.
Во кривичниот предмет кој што над две години се води против д-р Жан Митрев и неговата клиника, Јавното Обвинителство заврши со презентацијата на доказите, кои што не само што не го докажаа обвинението, што е доволно за повлекување на истото, туку и го докажаа сосема спротивното од она што е дел од обвинителниот акт.
Обвинителството докажа дека:
Хемофилтрацијата е редовна пракса во секоја интензивна нега во светот и кај нас, а тоа значи се применува во Државен клинички центар, во Клиника Жан Митрев и во Клиника Аџибадем Систина. Хемофилтрацијата е дел од секое интензивно лекување во која било болница со интензивна нега, а при примената на оваа метода кај пациенти од Ковид-19 имала иста улога како лекувањето на пациентите на интензивна нега. Клиничката слика на пациентот била пресудна за примена и е применувана со цел да се спаси животот на пациентот и апсолутно помагала кај пациенти лекувани и во Аџибадем Систина, што е изјава на сведок на обвинителството – лекар, еден од основоположниците на хемофилтрацијата кај нас.
Беше констатирано дека лекувањето од Ковид-19 го вршеле лекари од интензивна нега, а не лично доктор Жан Митрев.
Наспроти обвинението дека д-р Митрев влијаел врз пациентите за да се сложат на хемофилтрација, се докажа дека ниту еден од сведоците немал никаков контакт ни пред ни за време на лекувањето со доктор Митрев, самите сведоци го изјавија тоа.
Некои од сведоците од медиумите дознале дека се измамени, односно откако беше покрената предистражната постапка и откако беше најавено за што ќе се покрене обвинение. Дотогаш не се чувствувале измамени.
Пациенти кои починале од Ковид 19 самите инсистирале кај нив да биде применета хемофилтрација, но сепак биле одбивани заради тоа што клиничката слика не била соодветна за примена на овој метод.
Клиниката која се обвинува за употреба на хемофилтрација за да стекне противправна материјална корист им вратила на пациентите над 500.000 ЕУР што претходно биле депонирани за хемофилтрација. Клиника Жан Митрев им ги вратила парите на пациентите.
Обвинителството сакаше да докаже дека имало измама кај д-р Митрев, но според изнесените и презентираните докази од страна на обвинителството, заклучокот е дека, не само што тоа не се докажа, туку уште повеќе произлезе дека Клиниката водела борба за спас на животот на пациентите, при што кај дел од нив применувала и метода на хемофилтрација како дел од интензивно лекување, исто како и на други клиники во државата и во светот.
Но, обвинителството и после ова останува на обвинението.
И што сега?!
Во вообичаена кривична постапка, процесот се одвива така што одбраната со своите докази ги побива доказите на Јавниот обвинител. Но тоа е така, само кога тие докази го потврдуваат обвинението, а не како во овој случај. Во конкретниот случај, не само што не го потврдуваат туку докажуваат дека вистината е обратна од наводите на обвинението. Или, со други зборови одбраната нема обвинителски докази кои би ги побивала и тезата на обвинителот е веќе побиена од доказите на обвинителството и уште повеќе од обвинителските докази е докажано дека не постои кривично дело.
Но, во случајот против д-р Жан Митрев одбраната има предложено за сослушување над 300 сведоци, меѓу кои лекари од клиниката и огромен број писмени докази за побивање на веќе побиена теза на која што обвинителот упорно опстојува.
Зошто и покрај сето ова обвинението се уште не е повлечено? Дали за до крај да се спроведе нарачката на познати ловци по туѓ успешен бизнис? Дали затоа што се надева дека судството за кое е општа карактеристика дека само ги пресликува обвиненијата во своите пресуди, ќе помогне во реализацијата на нарачката со помош на кривичен предмет да се уништи најуспешната Клиниката во Македонија – Клиниката Жан Митрев и нејзиниот сопственик врвниот кардиохирург д-р Жан Митрев и да се преземе без да се плати нејзината вредност?
Р. Е.






