Обвинителството односно обвинителката Искра Хаџи Василева вклучила функционери на СДСМ во прогонот против Жан Митрев.
На вчерашното рочиште во случајот против лекарот и истоимената клиника обвинителството за сведоци ги повикало Милена Стевановиќ член на раководството на СДСМ и долгогодишна директорка на Инфективната клиника како кадар на Зоран Заев и Димитар Ковачевски.
Покрај неа како вештак е повикан и Александар Петличковски претседател на Националната комисија за заразни болести исто така поставен на оваа функција од СДСМ.
Извори присутни на рочиштето велат членот на Извршниот одбор на СДСМ Стевановиќ била испитувања како експерт иако таа според законот не може да дава стручни анализи за прашањата за која била испрашуван од обвинителството
Според тоа што го кажала Милена Стевановиќ методата на Хемофилтрација е дозволена кај пациенти каде има бенефит од истата.
„Хемофилтрацијата е дозволена метода за Ковид 19 кај пациенти каде е имаат бенефит. Методата хемофилтрација е инвазивна, не е нова и е составен дел на клиниките за интензивни неги. Се користи за тешко болни пациенти,“ сведочела д-р Милена Стевановиќ во случајот против Клиника Жан Митрев на вчерашното рочиште.
Таа на рочиштето појаснила дека оваа метода не е рутинска, односно не треба да се дава на сите пациенти, туку на тие со потешка клиничка слика.
Според Стевановиќ се реагирало на примена на третмани, кои се покажале добри според праксата и ги земале и користеле сите достапни методи од светот. Потврди дека некои од методите ги користеле па престанале да ги користат поради слабите резултати.
Таа појаснила дека лично не го познава доктор Жан Митрев и никогаш лично се нема сретнато со него, ниту пак ја има посетено болницата Жан Митрев, како и дека не е запознаена со начинот на лекување на ковид-19 пациентите во оваа клиника.
Нејзиното признание Дака нема инфорамции како се одвивало лекувањето во Жан Митрев повикува дилема зошто Стевановиќ воопшто е повикана за сведок а обвинителот ја испрашува како да е вешто лице иако сама изјави дека никогаш немала лиценца за вештачење.
Дополнително обвинителката направила обид за манипулација на судот затоа што таа во процесот го обвинува Митрев за измама а на Стевановиќ и поставувала прашања за несоодветно лекување што не е предмет на обвинение.






