Обвинителка што го гони Жан Митрев добила лекција од судијката која веќе не дозволува импровизации од Хаџи Василева

Обвинителката Искра Хаџи Василева која што за пошироката јавноста стана позната откако започна да го прогонува кардиохирургот Жан Митрев денеска добила лекција по елементарно право од судијката која не дозволува импровизации на претставничката на јавното обвинителство.



Иако судиите и обвинителите важат за блиски професии кои неретко зад наводниот ,,државен интерес” се координираат и премолчено соработуваат денеска дошло до отворен правен судир меѓу судијката која го суди предметот против Жан Митрев и обвинителката Хаџи Василева која претходно доби 4 месеци да чита искази на наводно оштетени а сега се жали дека одбраната на Жан Митрев го одолговлекува судењето.

Сведоци кои го следеле денешното рочиште информираат дека зачудувачките импровизации во толкувањето на законот од страна на јавниот обвинител Искра Хаџи Василева која го гони Жан Митрев денеска го принудиле Судот во присуство на јавноста да и одржи лекција по елементарно право на обвинителката.

Ова за многумина што го следат предметот е знак дека и на судијката што го води предметот е и јасно што се случува и дека веќе не сака да дозволува бескрајна и јалова постапка која државата веќе ја чини милиони.

Судијката според сведоци денеска морала да и објаснува на обвинителката Хаџи Василева дека во постапката не постои само сведок кој што сведочи или за суштински околности или само за имотноправно побарување, туку дека во кривичната постапка учествува и оштетеното лице заради остварување на имотноправното побарување.

“Оштетените лица се повикуваат затоа што Вие (обвинителке) предложивте читање на нивни записници, но такво нешто не е можно без да бидат повикани оштетените пред Судот и токму по вашиот список Судот ги повикува оштетените да бидат сослушани”. Ова е парафраза на тоа што судијката и го кажала јавно на обвинителката Хаџи Василева.

Оваа лекција следувала откако обвинителката ја нападнала одбраната дека приговара а тоа не било дозволено.

На судијката народски кажано и прекипело кога обвинителката го обвинила адвокатот на Жан Митрев дека има цел да го одолговлекува на процесот и дека таа предложила само 15 сведоци, а не 283 оштетени.

По лекцијата на Судот за обвинителката, за многумина присутни веќе нема дилема дека причината за одолговлекување на постапката е токму обвинението на Хаџи Василева кое е конципирано на база на оштетени 283 лица заради лекување во приватна болница.

Крајниот впечаток на изворите на expres.mk од судењето е дека всушност настапот на обвинителката со континуирани напади врз одбраната и бесконечно повторување дека одбраната го одолговлекува процесот со своите приговори се заснова на желба обвинетиот воопшто да нема одбрана која би ја вршела својата должност.

Во еден момент обвинителката Хаџи Василева дури се повикувала на законот дека законот не ги предвидувал правата на одбрана без повикување на конкретна одредба, затоа што според неа било навреда за судот таа да се повикува на членови.

На оваа изјава на обвинителката следувал најголемиот срам за обвинителката но и за целото обвинителство на чело со државниот обвинител Коцевски кои формални стојат зад јаловото обвинение.

Судијката во одговорот до обвинителката прецизно цитирала членови од Законот за кривична постапка за начинот на повикување и сослушување на оштетените.

Предметот против Жан Митрев и неговата клиника е еден од најсрамните што се води во последниве години а во него индиректно и директно се вклучени важни политички и бизнис фигури кои се јавуваа како потенцијални купувачи на Клиниката Жан Митрев.

Предметот во нормална држава по толку многу сведоци на обвинението кои практично сведочеа во корист на Жан Митрев веќе ќе беше запрен а државата немаше да губи пари од судењето кое во повеќе наврати се претвара во пародија.