Двајца оштетени се откажале од оштетно побарување на вчерашното рочиште во случајот против д-р Жан Митрев, јавува агенцијата Нетпрес.
Еден од оштетените предложени од обвинителството упатил директна и јавна благодарност кон докторот Жан Митрев, затоа што бил жив и здрав, а друг рекол дека ако не се утврди вина кај докторот јавно ќе се извинел.
Голем дел од повиканите оштетени биле без конкретни побарувања и се потпираат на она што ќе го одреди судот.
Како што јавува агенцијата и последното рочиште продолжило со потврдување на изјавите на оштетените и одговарање на прашањето „дали имаат оштетно побарување?“ при што дел од нив не ни знаат за што точно се води процесот, дали, кога и како биле измамени за што се консултираат и со обвинителката.
Обвинителката Искра Хаџи Василева која на претходното рочиште доби лекција од судијката и вчера продолжила со континуирани напади кон одбраната секој пат кога одбраната приговара за недоследноста на процесот и мешање во изјавите на оштетените.
За истиот начин на однесување обвинителката и вчера добила предупредување од судијката со зборовите: „вие не сте тука да коментирате на се“, јавува Нетпрес.
Следното рочиште продолжува со потврдување на изјавите на останатите оштетени на 29 јануари.





