Обвинители: Битката со високата корупција во ќорсокак додека човекот на чија ,,ушка” седеше братот на Ахмети е шеф на ЈО за организиран криминал

Битката против високата корупција е во ќорсокак додека Ислам Абази, човекот на чија ,,ушка” седеше семејството на Ахмети е шеф на ЈО за организиран криминал, тврдат неколку обвинители од различни обвинителства прашани индивидуално за можноста Владата да се справи со криминалот меѓу високите владини и државни функционери.



Според нив целта на Абази е да ги застари делата кои со измените на Кривичниот законик во делот на злоупотреба на службена одговорност се од 3 до максимални 5 години затвор.

Најголем дел од делата за кои се гонат или ќе се гонат луѓето од ДУИ и СДСМ се токму по тој член, тврдат обвинителите кои засега не сакаат јавно да го кажат својот став.

Тврдат дека овие работи им се познати и на највлијателните странски амбасади во Скопје но и на владата.

Според луѓе од обвинителството целта на Абази е да одоговлекува со поднесување на кривични пријави со цел делата за кои е предвидена казна до 3 години а се сторени пред во 2018 година да застанат веднаш.

За делата до 5 години каде апсолутно застарување има за 10 години а се на пример сторени во 2016 година опасноста е да застарат за две години од сега.

Според планот кој е јавна тајна и кои луѓе блиски на ДУИ воопшто не го криеле во неформална комуникација, овие дела дури и ако Абази под притисок покрене обвиненија ќе застарат во 2026 година.

Опасност од застарување има и за фала сторени пред две или три години затоа што на пример во случајот со Артан Груби прашање е дали тој ќе се врати во земјава наредниве неколку години со оглед на фактот што процедурата за екстрадиција од странска земја може да трае и до десет години.

Ако сите осомничени од ДУИ или било која друга партија избегаат од Македонија и се чека на нивна екстрадиција речиси извесно е дека сите можат да се спасат со застарување на делата.

Во земја каде просечно еден предмет трае меѓу 4 и 8 години извесно е дека ќе се спасат сите луѓе кои сториле криминал пред повеќе години без разлика дали се од ДУИ, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, велат обвинителите кои се надеваат дека и јавноста и странците и премиерот ќе сторат се што можат да го натераат Абази да си ја работи својата работа.

Минатата година Абази како шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал не поднесол ниту една кривична пријава против висок функционер.

Тој во јавноста стана познат по фотографијата на која ,,на врат” му седат братот на Али Ахмети и негов близок соработник, поради што сега многумина се скептици дека тој би можел да гони високи функционери на ДУИ.

Пред дваесетина дена Абази даваше отчет за тоа што сработил во 2023 година пред членовите на Советот на јавните обвинители, каде беа презентирани статистички податоци и не спомена ниту еден предмет кој го работеле за функционери, ниту пак некои други лица, единствено ги кажуваше делата за кои најмногу постапувале, а меѓу нив главни се споменуваа трговијата со дрога и криумчарење мигранти.

Но, и по овој настан Абази, кој ретко се појавува во јавноста, повторно одбегна да даде одговор на новинарските прашања меѓу кои и тие до каде се постапувањата за предметот „Бехтел и Енка“, за „Соравија“ поврзан со внукот на Али Ахмети, како и други случаи засеганати од измените на Kривичниот законик.

Најчитани статии

Една од македонските херои кои вчера спасиле многу животи по терористичкиот напад

Македонка анестезиолог меѓу лекарите кои вчера спасувале животи во Магдебург

Анкетата на Маркет Вижн наметнува логично прашање: Со кој ум СДСДМ и ДУИ зборуваат за предвремени избори?