Под овој наслов хрватскиот портал „Индекс“ пренесува делови од интервјуо што поранешниот американски претседател Барак Обама го дал за британскиот принц Хари.



Обама предупреди за неодговорно користење на социјални медиуми, очигледно мислејќи на неговиот наследник, Доналд Трамп и неговата победа на изборите. Сепак, не го спомна по име Трамп, кој е многу активен на Твитер.

„Оние кои се во позиции на моќ треба да бидат внимателни при праќање пораки преку социјалните мрежи, бидејќи тие го нарушуваат јавниот дискурс“, предупреди Обама.

Овој тренд е загрижувачки бидејќи во иднина луѓето би можеле да ќе отфрлаат фактите и да ги читаат и слушаат само оние извори кои ги потврдуваат нивните ставови.

„Една од опасностите на интернет е дека луѓето можат да стекнат сосема поинаква реалност. Можат да бидам заробени во информации што ги зајакнуваат нивните моментални предрасуди“.

„Прашањето има врска со тоа како да ја користиме оваа технологија на начин кој овозможува мноштво гласови, овозможувајќи различни погледи, но не доведе до балканизација на општеството и да се овозможи изнаоѓање заеднички простор“, рече Обама.

Трамп веќе се најде изложен на критики дека прекумерната и неодговорно употреба Твитер, но тој тврди дека тоа е начин да комуницираат директно со американскиот народ, без посредство на мејнстрим медиумите, кои често го напаѓаат како „лажго“.

Останува нејасно дали кога спомена „балканизација“ Обама ги имал на ум и велешките „интернет-гемиџии“ кои беа обвинети дека наводно ја помогнале победата на Доналд Трамп на претседателските избори лани.