Поранешниот американски претседател Барак Обама го обвини својот колега екс-претседател и кандидат за уште еден мандат, Доналд Трамп дека нема „апсолутно никаков доказ дека Трамп мисли на некого освен на себе“.
Тој го опиша Трамп како „78-годишен милијардер кој не престана да кука за неговите проблеми откако се симна по тој златен ескалатор пред девет години“ во Трамп Тауер за да ја објави својата кандидатура за претседателската функција.
„Кога тој не се жали, тој се обидува да ви продаде работи – дали сте го забележале тоа? Кој го прави тоа? Вие се кандидирате за претседател и продавате работи“, рече Обама.
Тој ги исмеа обидите на Трамп да продава патики и часовници.
„Моја омилена е Библијата на Трамп. Вистинска приказна. На неа е испечатено неговото име – издание на Доналд Трамп. Веднаш до Метју и Лука – Доналд.
И ќе се обидам да погодам каде се направени тие Библии“, рече Обама на митинг во Висконсин.
Толпата одговори: „Во Кина“.
Со иронична насмевка, Обама заклучи: „Тој е „господин опасен“ за Кина, освен кога станува збор за заработка од неколку долари.
На собирот во Висконсин, Обама ја поддрша кандидатката на демократит, Камала Харис, за идна претседателка на САД.






