„Не поминува понекогаш ниту еден ден без тепачки, па дури и убиства меѓу Албанците во населбите и општините во нашето албанско Скопје. Се прашувам зошто овие работи не се случуваат кај македонската страна, не посакувајќи им да им се случуваат и ним? Можеби ни недостига граѓанско образование, култура и урбан начин на размислување, во однос на тоа како да се однесуваме на улица, на училиште, на работа, за градење односи со „другиот“ (значи меѓу нас). Има многу внатрешни и надворешни чинители во врска со ова, но нагласката паѓа повеќе врз нашата необразованост, нешколуваност, за разлика од нашите соседи. Денес нам ни недостасува цивилизираност како народ.“ – вели Фитим Нухиу, писател од Скопје, во колумната со наслов „Какви се сите овие убиства во албанско Скопје, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“. Нухиу како да страда од некакво „етничко слепило“ и „не гледа“ дека во главниот град на Македонија живеат и Македонци, па во колумната си го прогласува како „наше албанско Скопје“.
Нухиу пишува: Не поминува ниту една недела, а понекогаш и ниту еден ден без некаква тепачка, белја, па дури и убиства меѓу Албанците во населбите и општините на нашето албанско Скопје. Овие работи како да ни станаа рутина и не ни остават повеќе впечаток. Како да ги загуби нашата совест своите сетила, кои реагираат на злото, што ја зафати нашата албанска муслиманска средина. Овие последици, кои ги гледаме секој ден, како да не кореспондираат со предавањата и проповедите од верски свештеници, разни верски здруженија за образование и култура и друго, на што е изложено населението од овие простори постојано. Дури мислам дека сега имаат и спротивен ефект.
Тие лекции за идеален живот (за себе и за другите), не знам каде завршуваат, можеби во утописки свет, и не функционираат. Се прашувам себеси: зошто овие работи не се случуваат кај македонската страна? Да се разбереме: јас не им посакувам такво нешто, туку јас само правам аналогија за бројноста на овие настани од црната хроника, за оваа негативна општествена појава, што ни се случува нам.
Можеби ни недостига граѓанско образование, култура и урбан начин на размислување, во однос на тоа како да се однесуваме на улица, на училиште, на работа, за градење односи со „другиот“ (значи меѓу нас) и такви работи, кои се чини дека ни недостигаат деновиве, или поточно, кои ни недостасуваат од рано, а сè уште не правиме ниту минимални напори да се промениме внатре во себе, ама и надвор од себе.
Кој е одговорен за овие околности, во кои се наоѓаме? Има многу внатрешни и надворешни чинители, но нагласката паѓа повеќе врз нашата необразованост, нешколуваност, за разлика од нашите соседи и тн. Уште еднаш доаѓаме до темата и големата и широка дискусија: дали денес ни недостасува религиозност, или цивилизираност како народ? Мислам дека е подобро да се дискутира за цивилизираноста како народ.
Македонка меѓу луѓето за кои САД од српските власти бараат информации за пари доделени преку УСАИД





