Нуредини: Функционерите на ДУИ држеа со години стотици Албанци во институциите без решенија, за да им земаат рекет по 100 евра месечно !

Не само 18 вработени, туку има стотици вработени Албанци во институции, на кои ДУИ не им ги давала решенијата, туку ги држела со години под договор, заради рекет, односно со цел да изнудуваат од нив по 6 илјади и повеќе денари месечно како комисија за посредување, бидејќи биле примени на работа преку агенции за вработување. Таквите агенции биле формирани од функционери на ДУИ само заради овие вработувања, како и да ги условуваат за гласање!“ – остро реагира кон ДУИ Азби Нуредини, бизнисмен и поранешен припадник  на УЧК, во врска со ситуацијата со 18-те Албанци во Клиниката за токсикологија во Скопје, кои беа држени на работа без важечки договори за вработување.



Во неговата реакција со наслов „ДУИ ги ‘рекетираше’ вработените-Албанци, затоа не им даваше решенија“, која ја пренесоа информативниот портал „Фол“ и други медиуми на албански јазик во Македонија, Нуредини додава: Министерот за финансии Фатмир Бесими требаше да даде СОГЛАСНОСТ за да добие секој вработен со договор одлука за постстојано вработување, за секоја институција. Но, министерот за финансии Фатмир Бесими од ДУИ, од „УЧК“, не им ги дал овие согласности на институциите за вработување на Албанците!