Екс пратеничка и координатор на пратеничка група на СДСМ собранието Цветанка Иванова, денеска е предложена за генерален секретар на Собранието.
Струмичанката Иванова ќе го замени досегашниот генерален секретар Жарко Денковски. Таа беше пратеничка на СДСМ во два мандати во периодот од 2002 до 2014 година како и координатор на пратеничката група на СДСМ во 2010 година. Беше една од најактивните поранешни пратеници за време на протестите на Шарената револуција, како и за време на објавувањето на “бомбите“ на Зоран Заев кој и е сограѓанин.
Иванова стана дел од насловните страници на весниците пред 5 години кога пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ ја обвини за напад и за скршено “нокте“ во тензиите кои што се случија пред „црниот понеделник“.






