Покрај во Словенија, македонските иселеници денеска го кренаа својот глас и во Нов Зеланд, и во Данска против промената на името на нивната татковина Република Македонија.



Две недели по првиот протест во Нов Зеланд, Македонците од оваа земја денеска повторно се собраа во Оукленд, а нивните сонародници во Данска заиграа македонско оро пред Амбасада на Грција во Копенхаген.

„Кога се трудиш и кога работиш обединето, има успех – честито до Нов Зеланд, Данска, и Словенија денеска!“, твитна глобалното движење „Ние сме Македонија“, кое досега организира дваесетина маршови низ целиот свет и порача дека нема намера да запре.

Планот е да се одржат 35 протести за нецел месец, на кои се испраќаат пораки за итен прекин на разговорите со Грција за разликите за името и против донесувањето на Законот за употреба на јазиците, со кои албанскиот би станал втор службен јазик на целата територија на државата, покрај македонскиот.

Истовремено, во тек е и потпишувањето на онлајн-петицијата на „Ние сме Македонија“, која е на прагот на проектираната цел од 25.000 потписи.

https://www.facebook.com/WeAreMacedonia/videos/221523611726825/